Како што покажаа неодамнешните статистики, Лондон е најдобар град за студентски живот. Престолнината на Велика Британија го симна од првото место Монтреал, кој минатата година беше прогласен за најдобар град за студентите.
Фото: Getty Images
Целта на истражувањето била да открие повеќе статистики и фактори, како егзистенцијални услови, инфраструктура и пожелност за студиите. Дури 50.000 студенти од
Лондон учествувале во истражувањето давајќи одговори за своето искуство во градот, но и желбата да останат по студирањето.
На второ место се најде Токио, а на трето Мелбурн. Минатогодишниот победник Монтреал оваа година се најде на четвртото место, а Париз на петтото.