Францускиот институт во Скопје денес организира Саем за студии и туризам „Добре дојдовте во Франција!“ што ќе биде отворен во 12 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Саемот е одлична прилика за запознавање со можностите за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.
Освен информации за студии во Франција, ќе биде претставен и туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.
Ќе бидат организирани и работилници за подготовка на сиви и мотивациско писмо, кои ќе бидат отворени за посетителите на Саемот.
Ќе се обрати францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние. Саемот ќе биде отворен до 17 часот.