Италија се наоѓа на листата на најомилените патни дестинации за многумина. Студентите се привлечени на студии во оваа земја и поради престижните универзитети. Потребно е да се знае дека факултетите во Италија бараат протоколи за запишување луѓе од странство. Во Италија, студентите студираат во склад со европската програма за високо образование.
Факултети и универзитети
Во Италија има многу добри универзитети и факултети, но во продолжение пронајдете неколку кои се сметаат за најдобри и се најпопуларни од страна на студентите.
„La Sapienza“, Рим (Università La Sapienza di Roma)
Универзитет во Болоња (Università di Bologna)
Универзитет во Фиренца (Università di Firenze)
Универзитет во Милано (Università Statale di Milano)
Универзитет во Падова (Università di Padova)
Универзитет во Торино (Università di Torino).
Сите детални информации за италијанските факултети може да ги пронајдете
ОВДЕ.
Што е потребно за упис?
Запишувањето на италијанските факултети се изведува во неколку различни фази. Потребна ви е преведена матурска диплома и сите документи кои се поднесуваат мора да се преведени на италијански јазик од страна на овластен судски преведувач и сите документи мора да бидат заверени во суд.
Во случај да ги продолжувате студиите кои сте ги започнале потребни ви се и преводи и заверки на потврдата за положени испити и наставниот план и програма за секој испит кој сакате да ви биде признаен. Потоа мора да ги пронајдете предуписните формулари и да поднесете барање за упис на одбраниот факултет. Консултирајте се со италијанската амбасада во врска со ова.
Трошоци за студирање
Школарината зависи од финансиската и имотна ситуација на родителите. Врз основа на моделот за пресметување школарина, истата може да чини од 1.000 до 3.000 евра. Доколку ги исполнувате сите услови, може да добиете и стипендија.
Студентска виза
За студирање во Италија ви е потребна студентска виза, а за истата ви се потребни формулар, фотографија, валиден пасош, доказ дека поседувате доволно средства за живот во Италија, доказ дека имате сместување во Италија. Повеќе информации пронајдете
ОВДЕ.
Стипендии
Студирањето во Италија е прилично скапо. Италијанската влада нуди стипендии, а на нив имаат право сите запишани студенти. Доколку ова ви е првпат како се запишувате на факултет во Италија, потребно е барањето за стипендија да го поднесете пред да се запишете на факултетот.