X
 21.12.2019 Живот

Колку кафе е во ред да се испие пред испит?

Ах, колку кафе пиевме за време на студиите... Секое утро го почнувавме во локалното кафуле будејќи се со мирисот и вкусот на свежо меленото кафе. Секој ден на факултет го завршувавме пак тука, во кафулето, со омилената шолја сумирајќи ги впечатоците. А пред испитите, мислам дека зборувам во име на целата екипа навикната на ноќно учење, се вареа цели бокали кафе за да нè држи будни и сконцентрирани цела ноќ. Дури ни ноќите пред испит не беа исклучок, а не ни излегував пред професорите без голема шолја вистинско домашно кафе.

И не е случајно што студентите толку сакаат кафе. Освен што најдобриот дел од тој период всушност се одвива со шолја топол црн пијалак и што е докажано дека на повеќе нивоа тој е добар за здравјето, неодамнешна студија покажа дека кофеинот дефинитивно има моќ да го подобри помнењето. Во неа биле вклучени 160 испитаници на возраст од 18 до 30 години, кои набљудувале илустрации со фигури на кои требало да им одредат припадност. По тестирањето добиле плацебо или 200 милиграми кофеин, а следниот ден на старите фигури им биле додавани нови, а испитаниците имале задача да ги препознаат старите, сличните и новите објекти во однос на оригиналните слики. Авторите на студијата тврдат дека земањето кофеин по завршувањето на задачата резултирало со подобро препознавање на слични објекти во однос на лицата што добиле плацебо.

Меѓутоа, испитувајќи различни дози на кофеин на подобрување на помнењето, покажано е дека 200 милиграми кофеин има најјако дејство, додека ефект не е забележан при помала или поголема доза. Тоа е доза која ја препорачуваат и лекарите.

Затоа идејата за приготвување шолја кафе пред некој настан, како што е испитот, за да се смирите или сконцентрирате воопшто не е лоша.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот