Кога некој ќе ви прати снимка од „Фејсбук“ и „Инстаграм“, ќе можете да ја гледате преку апликацијата „Вацап“ без да ја напуштате и да ги активирате апликациите за споменатите социјални мрежи.
„Вацап“ претходно им овозможи на корисниците да гледаат клипови од „Јутјуб“ во самиот прозорец за допишување.
Новата можност е дел од најновото надградување на апликацијата наменета за уредите со оперативен систем iOS. Апдејтот носи и можност за укинување на администраторските привилегии на другите корисници во групен разговор, а исто така на администраторите им се овозможува да ги едитираат предметот, описот и иконата на разговорот кој е во тек.
Споменатите опции сѐ уште не се појавуваат за
Андроид.