X
 18.06.2024 Технологија

Еве како да проверите колку пораки сте испратиле на „Вацап“

Дали и каде ќе ја најдете вашата лична статистика на „Вацап“, зависи од тоа дали сте корисник на „Андроид“ или „иОС“.

Корисниците на „Андроид“ го прават следново:

- Отворете „Вацап“ на вашиот паметен телефон и допрете на менито (трите точки во горниот десен агол) и потоа на „Поставки“. Потоа изберете ја ставката од менито „Складирање и податоци“. Потоа изберете „Користење на мрежата“. Овде можете да дознаете, меѓу другото, колку пораки на „Вацап“ сте испратиле и примиле откако сте почнале да го користите „Месенџер“.

Корисниците на „Ајфон“ го прават следново:

-Отворете „Вацап“ на вашиот „Ајфон“. Кликнете на „Поставки“ во долната лента со мени, на десната страна. Потоа изберете „Складирање и податоци“. Под „Користење на мрежата“ можете да дознаете колку пораки на „Вацап“ сте примиле и испратиле досега.

Ако сакате да знаете на кого сте испратиле најмногу пораки на „Вацап“, можете да го направите тоа на следниов начин:

-Едноставно отворете „Вацап“ и кликнете на ставката од менито „Поставки“ и потоа повторно „Складирање и податоци“.

Потоа отворете ја ставката „Управување со складираното“.

Ако не сте задоволни со вашата моментална статистика и сакате да ја ресетирате, можете да го направите тоа користејќи ја функцијата „Ресетирање статистика“.

Можете да ја најдете опцијата да го направите ова на дното од ставките од менито, преку „Складирање и податоци“, а потоа „Употреба на мрежа“.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија