X
 10.05.2019 Технологија

Вака се закажува испраќање пораки на „Џимејл“

Иако од „Гугл“ најавија дека можноста за закажување на испраќањето на некоја порака во „Џимејл“ ќе биде достапна до април, таа дури сега е достапна за корисниците.

Досега, доколку сте сакале да ја користите оваа опција, веројатно сте користеле некои други апликации.

Опцијата на „Гугл“ е едноставна за користење и ќе има низа можности за примена. Еве како можете да закажете испраќање на некоја порака, чекор по чекор.

- Одете на Compose;

- Кликнете на триаголничето до опцијата Send;

- Потоа одете на Schedule send;

- Изберете некој од предложените термини или, пак, сами наведете си точно кога сакате да се испрати пораката така што ќе кликнете на Pick date & time.

Постапката е слична и на мобилната апликација, само што таму треба да одите на трите точки во десниот горен агол, по што ќе ви се појави опцијата Schedule send.

Како да пронајдете закажана порака?

За тоа е додаден нов дел наречен Scheduled, кој на апликацијата може да го најдете во менито кое се отвора кога ќе кликнете на трите цртки во левиот горен агол, додека на десктоп-верзијата ви е во менито под Compose.

Во Scheduled можете и да го откажете испраќањето на некоја порака така што ќе кликнете на Cancel send откако ќе ја отворите пораката. Тогаш таа ќе ви се префрли во делот Drafts.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија