10.10.2018
Технологија
„Гугл плус“ се гаси
Социjалната мрежа „Гугл плус“ нема да функционира бидејќи во март беше откриена аномалија што можеби ги изложила на опасност личните податоци на речиси половина милион корисници, соопшти компанијата на својот блог.
Во „Гугл плус“ автоматски се вклучува секој што има профил на „Џимејл“.
Според „Волстрит џурнал“, овој пропуст им овозможил на 438 надворешни апликации без дозвола да собираат податоци за корисниците, како што се имиња, е-адреси, професија, пол и возраст.
Компанијата истакнува дека нема наводи за злоупотреба на податоци.
Извор: МИА