Од ексклузивната колумна на Тони Парсонс - мисли од популарниот писател.
1. Не пишувајте во твитови, пораки и меилови ништо што не би напишале на небото со огнени букви големи 15 метри.
2. Прво оженете се со вашата втора жена.
3. Кога ќе се опоравите од скршеното срце, далеку е подобро да се впуштите во работата отколку во постела со првата личност која ќе ве повика.
4. Да се стави мобилниот телефон на трпеза е еднакво непристојно како да се стави пенисот на трпеза.
5. Ако користите мобилен телефон во нечие присуство, должни сте да се извините. Освен ако не сте во друштво на златни рипки.
6. Ние забораваме се': книгите кои ги прочитавме, јапонските храмови, гробниците, редовите пред авионот, сопствената глупост. ака започнуваме полека да веруваме дека среќата е некаде на друго место.
7. Ударот треба да започне од табаните, а не од мускулите. Шампањот се отвора со вртење, а не со туркање на капачето. Понекогаш со молитва треба да му заблагодариме на Бога, а не секогаш да бараме нешто од него.
8. Ќе спиете подобро ако креветот го користите само за три работи: секс, читање и спиење. Без долги разговори. Без јадење. Без гледање телевизија. И секогаш спијте голи, дури и тогаш кога паѓа снег. Ќе спиете подобро ако вашата соба е секогаш студена, а постелата топла.
Ќе спиете подобро ако започнете да станувате половина час порано од обично. Недостатокот на сон ќе ви штети помалку отколку недостатокот на љубов, пари или работа.
9. Имајте на ум дека живееме во светот во кој полесно е да се излезе од бракот отколку од одговорните обврски на мобилен телефон.
10. Во себе носите љубов која ќе остане заклучена се' додека не добиете деца. Овие неродени деца ќе ве чинат многу време, пари и енергија, но љубовта која ја отклучуваат е вредна за маките и напорот. Децата ќе го исцицаат животот од вас, но ако правилно си ги извршувате должностите, ќе го чувате во тајна соба во вашето срце долго време откако ќе ве нема.
11. Не зјапајте во телефонот ако сте во друштво на пријател, колега или саканата личност. Исклучете го или излезете.
12. Лумпувањето е знак за просечност. Големите луѓе знаат колку умереноста е драгоцена. Најшокантното откритие во автобиографијата на Кит Ричардс е изјавата дека никогаш не земал повеќе од една линија кокаин. Ако Кит можел да биде разумен во врска со кокаинот, и вие можете да бидете разумни кога станува збор за кексот, шеќерот и другите јаглени хидрати.
13. Ако на мажот не му се зборува после сексот, тогаш тој е во погрешен кревет.
14. Храната се разградува нерамномерно. Мора да се ослободите од вишокот едноставно јадејќи по правилен редослед. Овошјето се вари побрзо од месото, па месец дена, пред пладне не јадете ништо друго освен овошје - така ќе изгубите седум килограми - и жените ќе ве обожаваат.
15. Најголемата грешка со инвестициите е самозалажувањето дека се обврзниците, акциите и хартиите од вредност се посигурни од рулетот, покерот и обложувањето на коњи.
16. Кога ќе се опоравите од скршено срце, понекогаш ви е потребна победа за да ја подобрите вашата самодоверба и полесно да се вратите во игра. Тоа не значи дека треба употребите, злоупотребите или навредите било кој. Тоа значи дека ви треба не многу важни партнери, туку некој кој повеќе се грижи за вас отколку вие за него.
17. Бидете подготвени за секоја улога во големата претстава на животот. Очекувајте да бидете измамени, оставени и отфрлени. Но очекувајте и да бидете обожавани, почитувани и сакани. „Целиот живот е театар и секој игра многу улоги во неговиот живот“, рекол Шекспир. Никогаш нема да имате љубов каква што очекувате. Секогаш ќе биде помала или поголема.
18. Ако навистина сакате да не сте го/ја ни сретнало, и ако искрено се надевате дека никогаш нема да го/ја видите - тогаш тоа никогаш не било љубов.
19. Се родивте сами. Ќе умрете сами. Но тоа не значи дека треба да имате многу секс сами.
20. Трудете се да избегнувате познати фрази за раскинување. За мажите: „Тоа го направив бидејќи бев пијан“. За жените: „Тоа го направив поради љубов“.
21. Никогаш немојте да спиете со омажена жена, освен ако тоа не е вашата жена. Неверните мажи скоро никогаш не признаваат. Неверните жени скоро секогаш признаваат.
22. Сакајте како никогаш да не сте пателе, танцувајте како никој да не ве гледа, пејте како никој да не ве слуша, живејте го секој ден како да ви е последен и твитајте како целиот свет да ве чека само вас.
23. Не можете да го промените она што сте, но можете да ги промените навиките. Ако сакате да престанете со пушењето, прејадувањето, хероинот, неверствата, со било што - тогаш одлучете да престанете. Не е тешко да се престане. Тешко е да ја прифатите одговорноста за сопствената судбина.
24. Секој може да одглуми оргазам, но никој не може да одглуми ерекција. И не се обидувајте.