Единствено што ви е потребно е да имате самоконтрола.
Пред да започнеме со приказните за границите на самоконтролата, најпрво би требало да ја сфатиме и разбереме користа од контролирањето на самите себе. Во текот на животот се среќаваме со бескрајна листа на лоши навики кои знаеме дека мора да ги совладаме. Без оглед дали станува збор за обид да се изгуби прекумерната тежина, или да се остават цигарите, треба да се прашаме: дали е преценета улогата на самоконтролата?
Еве што велат некои студии и истражувања на оваа тема:
Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија ја истражувале моќта на самоконтролата кај ученици од осмо одделение, во текот на една школска година. На учениците им дале задача при што имале можност да добијат 1 долар веднаш или 2 долари, доколку прифатат исплатата да биде по една недела.
Резултатот од истражувањето покажал дека учениците кои избрале да почекаат една недела за да добијат двоен износ, покажале подобри резултати на тестовите и школскиот успех воопшто. Со други зборови, самоконтролата се покажала како поважна во споредба со висината на коефициентот на интелигенција (IQ).
Слична студија била спроведена на Универзитетот Дјук на група од 1000 испитаници, кои биле следени од моментот на раѓање до возраст од 32 години во состав на долгорочното истражување на здравјето. Истражувачите откриле дека лицата со повисок степен на самоконтрола помалку се оддаваат на криминал, остваруваат повискоки приходи и севкупно, имаат подобро физичко и ментално здравје.
Самоконтролата не се сведува на присилување на себеси на некаква (не)активност.
Клучот за самоконтролата не е во зголемувањето на силата на волјата, туку во пронаоѓањето на алтернативи. Што значи тоа? На пример, сакате да престанете со пушење. Наместо да пронаоѓате разни начини за да престанета со таа лоша навика, би требало да се обидете со некакво ново „искушение“, на пример, чоколадо.
Истражувачите од Универзитетот Сан Франциско повикале пушачи во лабораторија. Половина од нив биле сместени во просторија полна со подготвена вкусна храна, а втората половина, добиле просторија каде на масите имало зеленчук. По извесно време, на испитаниците им било дозволено да излезат на кратка пауза надвор. Кога се вратиле, се покажало дека кај оние кои се воздржувале од понудената храна, многу е поголема веројатноста дека ќе запалат цигара во текот на паузата.
Самоконтролата е ограничена. Обидете се да се концентрирате само на една цел во исто време.
Како се објаснува тоа?
Теоријата е следна – самоконтролата навистина е ограничена. Оние кои се воздржувале од одреден вид храна, се наоѓале во состојба на некаков вид „стрес“. Со спротивставувањето на еден вид стрес, постои многу поголема можност да се потклекне на друг вид „страст“.
Поентата е следна – наместо да се обидувате да ја зголемите самоконтролата, едноставно прифатете дека истата е ограничена. Наместо да се обидувате да се ослободите од две лоши навики истовремено, откријте која е поважна за вас, па дајте ѝ „предност“ во разрешувањето.