X
 24.09.2023 Живот

Верувањето дека позитивното размислување за парите ќе доведе до успех е поврзано со полоша финансиска ситуација, покажува истражување

Постои метод на размислување за кој се тврди дека може ментално да го покаже патот кон финансиски успех доколку верувате дека ќе се случи. Меѓутоа, овој начин на размислување во реалноста се поврзува со ризични инвестиции и банкротирање, покажува ново истражување.

Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, работеле со 1.023 учесници од САД за да ја откријат поврзаноста на замислувањето со реалниот успех. Околу една третина од учесниците сметаат дека позитивното размислување, во комбинација со повисоки космички сили, има моќ да влијае врз реални настани.

Припадниците на оваа група почесто се сметале за успешни. Меѓутоа, анализата покажала дека нема докази дека тоа доведува до поголем успех. За жал, истите учесници што верувале во моќта на размислувањето почесто се впуштале во ризични инвестиции, доживеале банкрот и верувале дека може да успеат во нешто кога тоа не било многу веројатно.

Луѓето што веруваат во таквата моќ се држеле до својата идеологија дури и кога имале финансиски проблеми, а истражувачите сметаат дека ова може да ги стави во ризик да прават ризични инвестиции со преголема самодоверба.

Тимот посочува дека позитивното размислување и оптимизмот може да помогнат психолошки во одредени ситуации, сѐ додека лицето размислува реално.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот