Луѓето со повисок коефициент на интелигенција се помалку агресивни и најчесто ги следат правилата, покажува истражување.
Освен тоа, високата интелигенција се поврзува и со подобро однесување, па затоа интелигентните луѓе поретко крадат и мамат. За споредба, помладите лица со понизок коефициент на интелигенција почесто ги вознемируваат другите и имаат антисоцијално однесување.
Просечно, антисоцијалните лица имаат понизок коефициент на интелигенција за 10 поени во споредба со нивните социјални врсници. Ова се резултатите на истражување спроведено на над 1.116 парови близнаци во Обединетото Кралство.
Фото: Pixabay
Близнаците требало да решаваат тестови за однесување и коефициент на интелигенција, а резултатите покажале дека испитаниците со повисок коефициент на интелигенција поретко крадат, мамат, ги кршат правилата и поретко се агресивни.
Според истражувачите, когнитивните недостатоци можеби го поттикнуваат антисоцијалното однесување доколку децата со низок коефициент на интелигенција погрешно ги разбираат правилата, потешко преговараат за време на конфликти, ги фрустрира училиштето или се дружат со антисоцијални врсници.
Други истражувања откриле врска помеѓу високата интелигенција и други позитивни карактеристики, како способност за соработка, тимска работа и доверба во другите.
Извор:
Spring