X
 10.06.2018 Живот

Вистината за најпознатиот бакнеж во историјата откриена по дури 70 години

Рита Петри мислеше дека нејзиниот ден започнал многу убаво - сончев летен ден во градот, кино, па некоја пијачка проследена со страстен бакнеж кој брзо влезе во историјата. Добро, можеби таа не го сметала бакнежот бидејќи нејзиното момче ѝ го подари на друга жена.

Зад една од најромантичните фотографии од 20 век се крие неверојатната приказна. Истовремено, ова е и една од најголемите мистерии во историјата на фотографијата.

Од 14 август 1945 година, идентитетите на морнарот и медицинската сестра од фотографијата на Алфред Ајзенштед останаа под превезот на мистериозноста сѐ додека не беше објавена книгата во која се објаснува што всушност се случило.

На сликата е една личност која никој не ја ни погледнал, а која донесе сосема нова димензија на фотографија која исто така го означи крајот на Втората светска војна. Рита Петри - идната сопруга на морнарот Џорџ Мендонс.

-Навистина ми се допаѓаше, но не знаев дека ќе бидам неговата идна сопруга. Мислам дека тогаш мислев дека изгледа добро или нешто слично - рече Рита.

До нејзината смрт таа тврдеше дека бакнежот на Џорџ со друга жена никогаш не ѝ пречел. Како и самата фотографија, не е сѐ како што изгледа.

-Сите овие години Џорџ никогаш не ме бакна така - призна таа.

Во август 1945 година, Џорџ бил 22-годишен морнар кој се вратил од Пацификот. Тој престанал да учи на 16 години и работел со својот татко, кој бил рибар, а откако бил нападнат Перл Харбор решил да ѝ се приклучи на војската. Џорџ не сакаше да зборува за тоа што го видел за време на војната, ниту за неговата вознемиреност поради тоа што допрва следело, а тоа е инвазијата на Јапонија.

-Јас само што се вратив од Филипините. Мојот брод имаше многу акции. Нѐ испратија назад во Америка додека војската не зајакне за напад - истакна Џорџ.

Наместо на војната, тој се фокусирал на љубовните состаноци со убавата девојка која ја сретнал неколку недели претходно на скара во семеен дом. Тоа била Рита, имала 20 години и живеела со своите родители во Квинс.

-Таа беше преубава. Мислам дека се заљубив на прв поглед - раскажа тој.

На 14 август тој и Рита тргнале со воз до градот. Тој бил нервозен, носел униформа специјално скроена за него на Роуд Ајленд, каде што живеел. Тргнале да го гледаат филмот „Ѕвоно за Адано“, приказна за ќерка на рибар која се вљубува во мајор од американската војска. Џорџ и Рита никогаш не го виделе крајот на тој филм.

-Се слушна тропање на вратата од надвор, од улицата. Ги вклучија светлата и го прекинаа филмот, а потоа рекоа: „Војната е завршена и Јапонците се предадоа“ - раскажа Џорџ.

Парот излегол од киното и влегол во блискиот бар. Сопственикот на барот постојано дотурал пијалак за гостите. Џорџ испил неколку пијачки. Потоа Рита и тој отишле на Тајмс сквер и штом ја преминале Седмата авенија и 44-та улица Џорџ видел девојка во униформа на медицинска сестра.

-Се сетив на медицинските сестри од пред пет месеци - истакна Џорџ, но згреши.

Се сетил нешто што се случило три месеци пред крајот на војната, во Пацификот. Гледал како јапонски камикази нападнале американски носач на авиони. Тогаш загинале 346 морнари. Џорџ помагал да се извлечат од водата стотици војници и гледал како сестрите се обидуваат да им помогнат.

Така, ова неверојатно попладне Џорџ се оттргнал од Рита - најубавата девојка која ја видел - ја грабнал првата медицинска сестра која ја видел, ја свртел и ја бакнал. Рита била на само неколку чекори и на фотографијата таа е девојката од левата страна.

-Многу луѓе сакаа да знаат што мислев. Беше среќен ден, се кикотев како идиот. Бакнежот воопшто не ми пречеше. Ако бев верена, можеби ќе ми пречеше - рече Рита.

Бакнежот сепак му пречел на некој друг - жената во униформа на медицинска сестра, Грета Цимер, која воопшто не ни била медицинска сестра. Таа била 21-годишна помошничка на стоматолог од Квинс, која слушнала гласини за крајот на војната, па отишла на Тајмс сквер. Џорџ вели дека бил толку пијан што не се ни сеќава на бакнежот. Грета вели дека никогаш нема да го заборави.

Таа е родена и израснала во Австрија, а во 1939 година, по многу дискусии, нејзините родители одлучиле да ја испратат со двете сестри во Америка. Тие биле меѓу последните бегалци кои успеале да избегаат. Кога на 14 август слушнала дека војната е завршена, таа не знаела каде се нејзините родители или дали се живи.

Таа не била ни сигурна колку стоела таму. Можеби неколку минути.

-И тогаш некој ме грабна. Тој човек беше многу силен. Не го бакнав, тој ме бакна мене - раскажа таа.

Потоа одеднаш ја пуштил. Џорџ отишол кон метрото, Рита отишла по него, а Грета се вратила на работа. Џорџ и Рита никогаш не зборувале за бакнежот, ниту пак Грета му кажала на некој што ѝ се случило.

Никој од нив не знаел дека Ајзенштед ги фотографирал, дека таа фотографија ќе биде објавена во магазинот „Лајф“ и дека децении подоцна еден куп мажи и жени ќе тврдат дека се морнарот и сестрата на фотографијата.

Списанието ја објави фотографијата во првиот број по настанот, но не на насловната страница, туку на 27-та. Со години списанието ја објавуваше истата слика, но дури 35 години подоцна уредниците истакнаа дека ја пронашле сестрата (иако не беше така ). Дури тогаш фотографијата стана бум!

Џорџ првпат ја видел фотографијата во 1980 година.

-Тоа беше како да гледам во огледало - рече тој.

Погодете кого не забележал.



-Рита ја погледнала фотографијата и рекла: „Мислам дека тоа сум јас“. Џорџ одговорил: „Рита, тоа не си ти. Не може да си ти“ и се насмевнал. Рита била многу блага, го исставила тој да ја добие целата слава - истакнува авторката на книгата за фотографија.

Грета, која веќе била мажена и имала деца, ја имала истата реакција како Џорџ. Знаела дека тоа е таа.

-Шевот на моите чорапи беше совршено рамен, отсекогаш внимавав на тоа. И тоа беше мојата фигура, мојата фризура. Ја носев оваа мала чанта - рече таа.

Многу луѓе беа убедени дека се морнарот и сестрата од сликата, а вистинскиот идентитет на Џорџ и Грета не беше откриен до 1987 година, кога магазинот почна со продажба на разгледници и печатени постери од фотографијата.

Џорџ го тужеше магазинот, вознемирен бидејќи со години го изоставувале и иако неговата жалба беше одбиена, професор од Универзитетот Јејл се согласи да ја испита фотографијата. Тој открил дека морнарот навистина бил Џорџ. Експертите со форензичка анализа заклучија дека сестрата е Грета. И така, „Бакнежот на морнарите“ ја доби финалната верзија дури во 2015 година.

Рита некако остана настрана.

-Никогаш не мислев многу на тоа. Кога дознав за сѐ, ние веќе со години бевме во брак - објасни таа.

Грета, медицинската сестра од фотографијата, почина пред неколку години на возраст од 92 години.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот