X
 15.04.2018 Живот

„Војна на ѕвездите“ е инспирација за нападите на 11 септември во Њујорк

Канадската писателка Маргарет Атвуд изјави дека верува дека терористите, на некој начин, инспирацијата за нападите во САД на 11 септември 2001 ја добиле од „Војна на ѕвездите“.

Маргарет се присети на театарската изведба на „Приказната на слугинката“, чиј автор е таа, и на лажните снимки од експлозии што ги користеле, а во кои меѓу погодените згради се нашле и зградите-близначки во Њујорк. Следната година облакодерите на Светскиот трговски центар навистина беа нападнати, по што тие се отстранети од шоуто.

- Зарем тоа не е морничаво - прашува таа.

atvud

Фото: Screenshot/YouTube

Писателката додаде дека претставата не била инспирација за нападот, туку тој бил инспириран од филмот „Војна на ѕвездите“.

- Дали се сеќавате на првиот филм? Каде што двајца мажи удираат со авион и предизвикуваат експлозија? Единствената разлика е што момците во филмот се извлекоа“, одговори Атвуд на прашањето дали смета дека такво нешто навистина е можно.

Писателката вели дека творците на научна фантастика се познати по предвидување на иднината, иако не се реализира сè што ќе напишат.

- По нападите на 11 септември американската влада веднаш најми еден куп холивудски сценаристи за да дознае како приказната ќе се развива понатаму - вели Маргарет.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот