Не мора да имате милиони за да се фотографирате со толку пари. Во Загреб се отвори ново место наречено „селфи-соба“ што ви овозможува капење во када полна со пари. „Селфи-собата“, која се наоѓа во загрепскиот саем, вклучува повеќе делови кои се создадени за правење совршено селфи.
Специјално дизајнираните сетови се простираат на околу сто квадрати. Посетителите може да се фотографираат во споменатата када со пари, во седиште на луксузен авион или во црвена лондонска говорница, а обожавателите на серијата „Пријатели“ може да ресоздадат сцени од серијата со помош на виолетовата врата инспирирана од станот на Моника. Има и романтичен сет со лулашка и цвеќе и други сетови.
На секој од сетовите има светло, а телефоните може да се постават на трипод. Поради епидемиолошките мерки во земјата, не смее да има повеќе од 10 луѓе одеднаш во просториите, па затоа е потребно да се резервира
термин. Влезницата чини 40 куни за еден час.
Извор:
vecernji.hr
Фото: Instagram