Претседателот на САД, Барак Обама и Министерството за образование на САД објавија план за тестирање во текот на викендот со кој сојузните држави се обврзани да ги намалат непотребните тестирања кои одземаат „премногу некорисно време“ и создаваат „стрес за наставниците и учениците“.
Во видео објавено на „Фејсбук“, Обама додаде дека „од родителите слуша дека има премногу тестирање, а од наставниците гледа дека чувствуваат преголем притисок за предавање на материјал за тест кој ја одзема желбата за предавање и учење за нив и за учениците“.
If our kids had more free time at school, what would you want them to do with it? A) Learn to play a musical instrument?B) Study a new language?C) Learn how to code HTML?D) Take more standardized tests?Take the quiz, then watch President Obama's message about smarter ways to measure our kids’ progress in school.
Posted by The White House on Saturday, October 24, 2015
Сепак, претседателот даде до знаење дека сите ученици годишно ќе продолжат да полагаат тестови по математика и мајчин јазик во случај на оние од 3 до 8 одделение, а постарите на крајот на образованието.