Проектот
Cities2030 претставува граѓанска иницијатива која е поддржана од моќен конзорциум составен од 41 организација од 19 различни европски земји. Визијата на
Cities2030 е да ги поврзе синџирите за снабдување со храна, градовите и регионите, потрошувачите, индустријата, граѓанското општество, стартапите и претпријатијата, иноваторите и визионерите, водечките универзитети и истражувачки центри низ огромната разновидност на дисциплини, вклучувајќи ги науката за храна, општествените науки и технологиите.
• „
Платформа за Зелен Развој“ од Скопје
Настанот ќе се одржи во хотелот „
Холидеј ин“ во Скопје, Северна Македонија, на 14-15 ноември 2023 година.
Почеток и времетраење на настанот: од 9:00 до 16:00 часот.
Овој настан ќе послужи како платформа на која експертите, иноваторите и другите чинители ќе ги анализираат различните аспекти на примена на дигиталните технологии во насока на обезбедување одржливост, отпорност и циркуларност во синџирите за снабдување на храна.
Учесниците ќе се вклучат во дискусии, ќе споделуваат свои мислења и искуства, ќе презентираат најдобри примери, но и ќе креираат мрежа за соработка во промовирање еколошки свесни практики и технолошки напредок во областа на производството и дистрибуцијата на храна.
За да земете учество на настанот, потребно е задолжително да се регистрирате на следниот линк:
https://bit.ly/3SpJz1Q
(Комерцијална објава)