По претходните одлично спроведени дискусии во областите на образованието и економијата, „SmartUp“ ве поканува за зазедете учесво на третиот TEDxBASSalon со тема „Добρи и лоши стρани на тρансхуманизмот и нивни последици“ кој што ќе го насочи вниманието кон иднината и нашите придонеси за нејзиниот развиток видено низ призмата на новите технологии.
Трансхуманистичкото движење доживува експоненцијален раст во последниве неколку декади. Промовирајќи интердисциплинарен пристап со можности за надградување на човечкото битие каде акцентот е ставен на генетски инженеринг, информатичката технологија, како и инфлација на идните, како што се молекуларната нанотехнологија и вештачката интелигенција.
Клучно е да се спомене дека трансуманизмот претставува еден од поголемите мечови со две острици од кои зависи квалитетот на нашата иднина. Како би придонело сето ова во напредокот на човештвото? Кои се клучните бенефити што произлегуваат? Какви закани придонесува трансхуманизмот и како да се избегнат истите?
Целта на дискусијата ќе биде едуцирање на учесниците за проблематиките кои би настанале благодарение на трансхуманизмот и развивање на идеи за нивни решенија, дискусија ќе биде базирана на TED подкастите кои ќе ги прикажеме.
Аплицирајте за учество на третата од серија шест дискусии на TEDxBASSalon со акцент на Трансхуманистичкото движење на:
https://goo.gl/2Q77kR . Крајниот рок за аплицирање е 25.08.2015, 12:00. Само 20 од Вас ќе обезбедат свое присуство на TEDxBASSalon дискусијата.