Францускиот фотограф Тиери Леголт ги негува своите фотографски вештини долго време.
Фотографиите на Леголт се особено интригантни бидејќи прикажуваат двајца астронаути на вселенска прошетка додека се обидувале да инсталираат нови соларни панели на Меѓународната вселенска станица.
Како фотографот успеал да направи јасни фотографии од овој настан, кој траел помалку од една секунда?
Сè започнува со внимателно планирање бидејќи ја искористил алатката „ISS Transfer Finder“ за да види дали нешто се случува во близина на неговиот дом во Франција. Откако потврдил дека транзитот ќе се случи еден час по започнувањето на вселенската прошетка, знаел дека мора да биде таму за да фотографира.
На крајот, возел шест часа од својот дом за да ја најде совршената позиција. По пристигнувањето ја истражувал областа еден час за да го најде совршеното место со чист поглед.
За среќа, времето било на негова страна. Така, неговото планирање се исплатило и сега астронаутите Стив Бовен и Вуди Хобург имаат уникатен поглед на нивната вселенска прошетка.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Twitter