Декември не е само време за божиќни украси, туку и за многу забава, а со тоа доаѓаат и големите количества алкохол од што произлегуваат многу невообичаени приказни.
Така, првиот музеј на мамурлакот, кој се наоѓа во Загреб, Хрватска, е посветен на мистериозните приказни „еден ден потоа“.
Идејата за музејот ја добиле студентите Рин и Роберта кога нивен пријател се разбудил откако ноќта ја поминал со педал в џеб. Во музејот може да се слушнат најбизарните приказни што произлегуваат од лудо поминатите ноќи.
Меѓу другото, може да се дознае како патување до Атина завршило со траект до Миконос и како пицата му помогнала на момчето да си го најде патот до дома.
Жртви на пијанствата биле и лами и пингвини. Во музејот има приказни за луѓе што краделе животни под влијание на
алкохол.
Секој може да ги раскаже своите приказни. Музејот исто така прифаќа и предмети поврзани со приказните.
Приказните се претставени на хрватски и на англиски јазик. Освен што ќе ве насмеат, би требало и да ве потсетат дека треба да бидете што поумерени кога консумирате алкохол.