Владата на Нов Зеланд одлучи да го смири експлозивниот раст на бројот на туристи и да го заштити она што најмногу ги привлекува - недопрената природа.
- Новозеландското природно и културно наследство е сржта на нашиот туризам и нашиот национален идентитет - истакна министерката за заштита на околината, Јуџин Сејџ.
Не сакајќи да се откаже од туристите, но и со цел да го сочува своето природно богатство, владата претстави нова и софистицирана стратегија на истовремено ширење на инфраструктурата и чување на околината. Стратегијата ја составиле две министерства - за туризам и за заштита на околината.
Парите ќе бидат обезбедени од регионалните развојни фондови, но и од новата такса за посетителите.
Од октомври оваа година владатаќе им наплаќа на туристите по 35 долари при влегувањето во земјата.
Минатата година оваа земја ја посетиле 3,8 милиони странски туристи. Приходите од таксата ќе бидат наменети за заштита на околината и вложување во инфраструктурата. Се очекува до 2025 година бројот на странски туристи да се зголеми на 5 милиони.
- И како што бројот на туристи се зголемува, мораме да се осигураме нашата туристичка индустрија да биде дел од решението во проблемите со заштита на
околината - истакна Сејџ.