X
 27.04.2016 Живот

Оваа банкнота е прогласена за најубава на светот

Банкнотата на Нов Зеланд од 5 долари е прогласена за најубава на свет и ја доби наградата за Банкнота на годината, а во конкуренција се натпреваруваше против 19 други банкноти од целиот свет.

 

1


Наградата ја доделува Меѓународното друштво за банкноти (IBNS), организација посветена на проучување и собирање на светски банкноти. Како што тврдат, во потесната трка за прво место била банкнотата од 20 шведски круни, 100 руски рубљи, 20.000 тенги и шкотската банкнота од 5 фунти.

„Доста сме горди на новите банкноти, но светското признавање е нешто посебно. Овие банкноти ги имаат најнапредните карактеристики на безбедност во светот, а од друга страна доста убаво ја прикажува историјата, културата и наследството во Нов Зеланд“, изјави Џеф Басканд, заменик гувернерот на Централната банка на Нов Зеланд.

 

2


Од едната страна на банкнотата се наоѓа ликот на Сер Едмунд Персивал Хилари, планинар и истражувач кој бил во првата експедиција која успеала да се искачи на врвот на Монт Еверест, а на другата се наоѓа кралскиот пингвин и зборот „Aotearoa“, кој некогаш Маорите го користеле за северниот дел на Нов Зеланд, а денес се кориси за цела земја.

Инаку, банкнотата е дизајнирана и печатена во Канада, а пуштена е во употреба од 2015 година. Тогаш е пуштена и новата банкнота од 10 долари, па наскоро пристигнуваат и оние од 20, 50 и 100 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот