Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) објави дека септемвриските плати во основното и во средното образование ќе бидат повисоки за 15%.
- Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование - напишаа од СОНК во објавата проследена со фотографии на кои може да се видат претседателот Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.