X
 04.12.2020 Економија

Колкава плата сакаат граѓаните на Македонија, БиХ, Хрватска и на Србија? Еве што одговорија

Кога станува збор за висината на платата со која би биле задоволни, најголеми очекувања во регионот имаат граѓаните на Хрватска - во просек над 1.200 евра. Најниски очекувања имаат Македонците, каде што очекуваната плата е 550 евра. Испитаниците од Србија очекуваат 616 евра, а во Босна и Херцеговина очекуваната плата е 823 евра.

Интересно е и тоа што испитаниците од Босна и Херцеговина најмногу сакаат да ја сменат работата (76 отсто), а најмалку оние од Македонија (65 отсто), кои тврдат дека би ја промениле работата само ако се принудени да го направат тоа.

Понатаму, мнозинство од невработените (65 отсто) би барале каква било работа, без оглед дали станува збор за работа од нивната струка или надвор од неа.

Работа по струка најмногу бараат невработените од Босна и Херцеговина, а најмалку оние од Хрватска.

Најважни се добрите меѓучовечки односи


Без оглед на земјата од каде доаѓаат, добрите меѓучовечки односи се на прво место за сите испитаници. Испитаниците од Хрватска во нешто поголема мера го нагласуваат овој фактор отколку испитаниците од другите земји.

Висината на платата е нешто поважна за испитаниците од Србија и од Македонија отколку за оние од Босна и Херцеговина и Хрватска, кои особено ја ценат можноста да учат и да напредуваат.

Нема многу разлики помеѓу мажите и жените во тоа кои фактори ги бараат при избор на работодавец. Жените ги потенцираат добрите меѓучовечки односи во поголема мера, а мажите  заработката. Работното време и безбедноста на работа им се поважни на жените отколку на мажите.

Една третина од вработените испитаници стравуваат за своето работно место


Поголемиот број од вработените испитаници од целиот регион се плашат за своите работни места. Во просек, мажите се чувствуваат побезбедни на своето работно место отколку жените, а истото може да се каже и за кандидатите со високо и вишо образование.

Ова истражување, чија цел беше да се утврди состојбата на регионалниот пазар на труд, беше спроведено од страницата за вработување „Џабс Инфостад“ и партнерските веб-страници за вработување од регионот Mojposao.ba, Vrabotuvanje.com.mk, Mojposao.hr и Deloglasnik.si

Истражувањето е спроведено за време на Регионалниот саем за работа со учество на повеќе од 5.000 испитаници.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија