Ѕвездите на „Игра на троновите“ потврдија дека завршија со снимањето на осмата и последна сезона од најневеројатното шоу во историјата на телевизијата.
Официјалниот последен ден од снимањето за секој актер се случи во петокот, на 6 јули.
Претходно Мејси Вилијамс им кажа збогум на Арја Старк и „Игра на троновите“, споделувајќи фотографија од доста крвави нозе иако не се знае дали тоа е лошо за Арја или за луѓето од нејзината листа.
- Збогум Белфаст, збогум Арја, збогум „Игра на троновите“ - напиша Мејси во нејзиниот пост. - Беше одлично. До новите авантури што доаѓаат.
Фото: НВО
За да додаде дополнителна мистерија, таа го дополни постот со коментарот: „Последната жена што остана“ и „Едвај“.
Во меѓувреме, Софи Тарнер ја постира тетоважата за која сите фанови сметаат дека го уништи крајот на шоуто. Сепак, во изјава таа се одбрани.
- Би било ужасно ако го истетовирам крајот на серијата на моето тело пред да излезе последната сезона. Би било навистина глупаво - вели таа.
Дигитални копии и лажен наслов
Актерите во серијата добивале дигитални копии од нивните скрипти кои се самоуништувале по читањето.
- Не добивавме ништо во физичка форма. Копиите ги добивавме на апликација. Ни испраќаа делови од сцените што ги снимавме наредниот ден. Откако ќе ги прочитавме, тие исчезнуваа по 24 часа за да немаме пристап никогаш повторно - вели Софи Тарнер и додава дека сите луѓе што ги посетувале локациите за снимање имале стикери на телефоните за да не прават фотографии.
Исто така, филмската екипа имала кодирани имиња за секој ден, за никој да не знае што се случува на сетот.
На самата серија ѝ бил даден лажен наслов. Насловот?
- „Лицето на ангелите“ - открива Тарнер.
Последната сезона од „
Игра на троновите“ ќе доживее премиера во 2019 година. Тарнер признава дека е огромен товар тоа што сите актери го чуваат во тајност непредвидливиот крај.