X
 12.09.2016 Култура

Ќе се снима серија за животот на Новак Ѓоковиќ

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде ѕвезда на новата документарна серија на платформата "Amazon Prime" која ќе се емитува во САД, Велика Британија и Јапонија. Серијата ќе го прикажува животот на најдобриот тенисер во светот, како на спортскиот терен, така и на приватен план.

Во соопштението од "Amazon Prime"  се вели дека серијата ќе прикаже што го движи овој шампион и што го мотивираше да биде најдобар на терен и надвор од него.

Серијата ќе ги опишува неговите навики за вежбање и неговите специјални навики во исхраната. Исто така ќе го опфати и приватниот живот на Новак, вклучувајќи го неговото заминување во родниот град Белград и неговото залагање за фондацијата “Новак Ѓоковиќ.

серија за Новак

Снимањето на серијата Ѓоковиќ ја најави на маргините на US Open. Во таа прилика тој истакнал дека страста, грижата, посветеноста и самосвесноста се клучни карактеристики на шампионите, но дека е невозможно да се постигнат без поддршка.

“Јас сум среќен бидејќи ја имам поддршката на мојата фамилија и од мојот тим кои работат заедно со мене. Моите фанови се радуваат и тагуваат со мене од почетокот на мојата кариера на тенискиот терен и затоа сакам да споделам со нив сѐ што стои позади мојот успех. Сега сакам со нив да го споделам моето секојдневие, она што ми е важно, моите вредности, уверувања, навики и сакам да им ги претставам сјајните луѓе со кои сум опкружен“- изјавил Ѓоковиќ.

Од "Amazon Prime" велат дека Ѓоковиќ е еден од најпосветените, мултидимензионални, возбудливи и инспиративни спортисти во светот. Само претплатените корисници на сервисот на "Amazon Prime" ќе имаат прилика да погледнат во животот на светскиот шампион, татко и сопруг. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура