X
 10.07.2019 Наша тема

Горан Ѓоргоноски ни раскажа за херојската борба да добијат бебе

Ќе изгрее сонце за сите. Сите што се упорни, ќе победат, ќе имаат дете. Знам дека е лесно да зборуваш откако ќе заврши натпреварот, откако ќе победиш, но навистина е потребна голема поддршка и храброст на сите оние што се на овој пат. За среќа, сега има многу опции и навистина добри клиники и доктори кои имаат акумулирано големо искуство и се борат заедно со паровите да добијат дете. Опциите како сурогат-мајчинство, ин витро со донирани јајце-клетки или сперма и слично се дополнителна можност за многу парови, само се потребни храброст, верба и упорност, им порачува Горан Ѓоргоноски на паровите што се соочуваат со стерилитет и се борат за пород.
Тој и неговата сопруга Николина 10 години ја воделе битката за да добијат пород. Големата победа се вика Нина и има 2 години. Горан е поранешен ракометен репрезентативец, а сега сопственик на маркетинг-агенцијата КМГ Спорт, која изминатите години ги организира ракометниот камп и школата за ракомет на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема