X
 06.07.2021 Живот

„Бебето ми почина по раѓањето. Не знам дали сакам пак да сум бремена, не знам дали ми е нормално однесувањето...“

Здраво, ве замолувам за помош бидејќи во моментов е повеќе од потребна. Девет месеци имав нормална бременост, се беше во ред, на секој преглед и секое испитување. Породувањето исто така помина одлично. Бебето беше здраво и живо, се додека наредниот ден не ми соопштија за дијагнозата. Не се работи за лекарска грешка, виновник нема. Почина по неколку дена.

Не сум сигурна дали повторно сакам да останам бремена, чувствувам голема доза на страв. Најтешкиот дел од денот е кога треба да заспијам, мислите ми се сеуште таму. Од време на време влегувам во детската соба и не знам дали е нормално и здраво што таму се чувствувам мирна и спокојна. Често разговараме со сопругот и ја споделуваме болката, но од друга страна веќе не сме толку интимни како пред да останам бремена. Од бебето имам и слики кои ги гледам многу често и се прашувам дали тоа е во ред. Исто така не знам ниту како да постапам со сопругот за да му помогнам или барем да му ја намалам болката, тој има многу поголеми трауми и од мене, бидејќи денот кога почина не ми дозволи да отидам со него...

Ова е дел од прашање на читателка упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на Деца.мк.
Одговорот на Наташа Маџевска прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот