Жена на 61 година од Скопје роди здраво машко дете откако 37 години неуспешно се обидувала, објави директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), Ирена Алексиоска-Папестиев, на прес-конференција.
- Во светот на медицината повеќе не постојат граници, и медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова пациентка е прва што е останата бремена со сопствена јајце-клетка што била замрзната, која добила ин витро третман во нашата држава и целата бременост била следена во нашата држава, а породувањето е извршено на ГАК - рече Алексиоска-Папестиев.
Бебето се вика Петар и заедно со мајката денеска се пуштени дома.