X
 10.07.2019 Култура

Најстарата книжарница во светот што сѐ уште работи

„Ливариа Бертранд“ е отворена во 1732 година и е влезена во Гинисовата книга на рекорди како најстарата книжарница на светот што сè уште работи.

Книжарницата неколку пати ги менувала локацијата и сопствениците, а дури 11 пати го променила името. Но, во текот на тридецениското постоење книжарницата била дом и место за собирање на сите љубители на пишаниот збор, како и место за многубројни настани и дебати во Лисабон, Португалија.


Фото: Atlas Obscura

Книжарницата била отворена од Петер Фауре и била замислена како мала продавница која за брзо време прераснала во омиленото место за собирање на многу португалски писатели и интелектуалци во вековите што следувале. Оригиналната книжарница била уништена во големиот земјотрес од 1775 година, а потоа сопствениците барале постабилна локација. Денес, книжарницата се наоѓа во дел од градот што се нарекува Чадо.


Фото: Atlas Obscura


Однадвор книжарницата изгледа како обична продавница. Но, кога ќе влезете, ќе видите дека е составена од многу ходници и простории што се шират. Мирот и тишината што ги нуди книжарницата дури и во текот на најголемиот метеж создаваат атмосфера како да се наоѓате во црква. Иако неколку пати била реновирана и модернизирана и во неа нема ништо специфично старо, ќе видите „гласници од минатото“ како што се, на пример, осамениот столб или дел од тулата што се издвојува од ѕидот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура