X
 19.07.2023 Култура

Ова се најстарите градови во светот

Научниците долго време дискутираат и бараат одговор на прашањето кој град е најстар. Тешко е да се дојде до решение, меѓу другото, поради губењето на археолошките докази. Иако не е одлучено кој град е најстар, се разгледуваат неколку.

Античкиот град Суза бил мала населба во 7000 година пр.н.е., а бил трансформиран во урбана област во 4200 година пр.н.е. Во 324 пр.н.е., Александар Македонски го договорил бракот на повеќе од 10.000 Македонци и Персијци во обид да ги обедини културите.

Аргос, Грција

Се смета дека Аргос бил постојано населен од околу 5000 пр.н.е. Аргос бил културен центар во античка Грција, а современите ископувања довеле до откривање на антички храмови, театри и керамика.

Фајум, Египет

Во античко време Фајум бил голема оаза во Египет, позната по својата плодност и близината на реката Нил. Луѓето биле присутни во регионот некаде пред 7200 пр.н.е., а првата земјоделска заедница била основана околу 5200 пр.н.е.

Сидон, Либан

Сидон, што на грчки значи „риболов“, е пристанишен град на околу 40 километри од Бејрут. Бил населен околу 4000 пр.н.е. Сидон бил едно од првите места за производство на виолетова боја, која била толку скапа и уникатна што станала симбол на кралското семејство.

1
Фото: Freepik

Пловдив, Бугарија

Остатоците од човечки населби во Пловдив датираат од 7000 година пр.н.е. Римјаните го анектирале Пловдив во 46 година од нашата ера и изградиле улици, кули и акведукти во градот. Многу од античките урнатини што сè уште стојат во градот датираат од тој период.

Атина, Грција

Доказите за населување на Атина датираат од 5.000 година пр.н.е. За време на златната доба на Атина, градот бил дом на големи мислители и писатели, вклучувајќи ги Сократ и Хипократ.

Библос, Либан

Библос, пристанишен град на брегот на Средоземното Море, е континуирано населен од најмалку 5000 пр.н.е. Папирусот бил еден од главните трговски предмети во градот во античко време, па затоа Грците го зеле името на градот како свој збор за книга.

Ерихон, Западен Брег

Ерихон, град на палестинската територија, е силен кандидат за најстарата континуирана населба во светот. Датира од приближно 9000 пр.н.е. Во него се наоѓа и најстариот познат заштитен ѕид во светот, ѕидот Ерихон, кој бил висок околу 3,6 метри.

Бејрут, Либан

Ископувањата во 90-тите години открија докази за 5.000 години цивилизација. Сега главен град на Либан, околу 3.000 пр.н.е. Бејрут бил дом на најпознатото правно училиште во Римската Империја, пред да биде уништено од земјотрес во 551 година.

Алепо, Сирија

Иако точната старост на Алепо е непозната, античкиот храм откриен во градот датира од 3000 година пр.н.е. Според процените, Алепо датира од 5000 година пр.н.е. Денес, градот е уништен од долготрајна војна, а уништени се и најмалку 30 отсто од историскиот центар.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура