X
 10.07.2019 Живот

Се роди орка од вид од кој се останати само 76 единки

Целиот свет се израдува на веста дека се роди мала орка бидејќи во светот има само 76 единки од овој вид китови. Научниците потврдија дека малата орка е женка.

Таа и мајка ѝ спаѓаат во популацијата китови-убијци наречени јужнорезидентни (SRKW). Со оглед на тоа дека на светот се останати само 76 припадници на овој загрозен вид, раѓањето на женката е многу добра вест. Имено, во последните неколку години претежно се раѓаа само мажјаци.

Мајката-орка и нејзиното мало се појавија во водите кај островот Сан Хуан во американската сојузна држава Вашингтон. Тие беа видени како пливаат заедно со три други млади женки орки.

Научниците го утврдиле полот на малата орка кога излегла на површината на морето и притоа ја изложила долната страна.

Женките орки раѓаат само едно мало на секои 3 до 10 години. Просечно, женката кит-убиец во текот на животот раѓа 3 до 5 мали.

Научниците имаат намера внимателно да го следат развојот на малата орка бидејќи стапката на смртност во првата година од животот кај овој вид е многу висока, односно умираат од 37 до 50 отсто. Главните причини за изумирањето на овој вид се недостигот од соодветна храна, загадувањето и вознемирувањето создадено од разни пловила.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот