X
 12.09.2017 Култура

Карл Сандберг: „Постои место каде љубовта се раѓа“

Постои место каде љубовта се раѓа
и место каде таа престанува.

Постои допир на две раце
кој се противи на сите речници.

Постои поглед што пламти како големото витлеемско огниште,
или како мала ацетиленска ламба со зелен сјај.

Постојат едноставни и безгрижни зборови искажани од милост
чудесни како големиот свијок на Мисисипи.

Рацете, очите, милните зборови –
со нив љубовта се бори и гради.

Постојат чевли што љубовта ги носи
и нејзиното доаѓање секогаш е тајно.

Постои предупредување што љубовта го праќа
а неговата цена се дознава многу подоцна.

Постојат толкувања за љубовта на сите јазици
но не е најдено ниту едно помудро од ова:

Постои место каде љубовта се раѓа и место
каде што љубовта исчезнува – а љубовта не бара ништо.

Карл Сандберг
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура