X
 17.08.2017 Здравје

Зошто во Исланд се раѓаат најмалку деца со Даунов синдром?

Исланд би можела да стане првата земја во која не се раѓаат деца со Даунов синдром, пишува „Индипендент“.

„Моментално на годишно ниво се раѓаат едно до две деца со овој синдром“, вели Хулда Хјартардотир од Државната универзитетска болница.

Преднаталните тестови се воведени во 2000 година, а големо мнозинство мајки кај кои тестот за Даунов синдром е позитивен се одлучуваат за прекин на бременоста. Речиси 85 проценти од идните мајки на Исланд доброволно се тестираат за откривање на синдромот, а на оние кај кои тестот е позитивен, Хелга Сол Олафсдотир, лице кое ги советува идните мајки, им порачува дека се работи за нивно право да изберат живот каков што посакуваат.

„Ние не сметаме дека абортусот е убиство. Ја прекинуваме бременоста ако постојат сериозни индиции за можни компликации и така го спречуваме страдањето и на тоа дете и на родителите. Сметам дека тоа е поправилен начин на размислување отколку дека се работи за убиство. Животот не е црно-бел, животот е сив“, тврди Хелга Сол Олафсдотир.

Законот на Исланд дозволува прекин на бременоста и после 16. гестациска недела ако фетусот има деформитет, а Дауновиот синдром е вклучен во оваа категорија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје