Плацентата е орган кој доколку не постоеше, никој од нас не би бил на овој свет. Поради нејзината важност и нејзиното значење, една австралиска акушерка го фотографирала бебето додека неговата папочна врвца сè уште била поврзана со плацентата.
Сите знаеме дека плацентата после пораѓањето мора темелно да се прегледа за да се утврди дека со породувањето од матката излегла цела, и дека ниту еден нејзин дел не останал во абдоминалната празнина. Но, дали знаете дека тоа не е единствената причина поради нејзинот темелно прегледување?
Докторите ја прегледуваат плацентата и од неа можат да заклучат сè и сешто - од здравјето на мајката и бебето, времетраењето на бременоста, присуство на тромб, крварење и други невообичаени нешта. Обично плацентата е околу 22 сантиметри во дијаметар, дебела околу 2 до 2.5 сантиметри и тешка околу 500 грама.
Доколку ве интересира, можете претходно да се договорите за понапредни тестови кои ќе детектираат евентуални болести и инфекции. Потоа треба да и да се испита водењакот - неговата боја, сјајност и мирис. Ако бебето имало некоја компликација, како застој во растењето или инфекција, плацентата може да биде испратена во лабораторија на одредени анализи за да се дознае причината за проблемите.
Телото на жената постелката ја исфрла последна, обично брзо после породувањето и најдоца половина час откако ќе излезе бебето. За време на царскиот рез плацентата исто така се отстранува последна и пред затворање на абдоминалнта празнина и шиење на матката внимателно се проверува за да се утврди дека е отстранета целосно.
Одредување на големината на бебето според плацентата
Докторите и пред да го мерат бебето можат точно да проценат колкаво е, и тоа според амнионската кеса во плацентата чијашто големина одговара на големината на бебето. Тоа е местото кадешто се наоѓало бебето.
Мајчинската страна на плацентата
Прегледот на плацентата ја вклучува нејзината внатрешност и надворешните ѕидови, познати како мајчинска страна на плацентата бидејќи се наоѓа токму од страната на мајката. Плацентата во мајката е споена со ѕидот на матката. Овој дел посебно се прегледува за случајно да не пукнала негде и да не остане дел во утробата. Прегледот исто така ја опфаќа состојбата на состојбата на калцификацијата, која обично е показател на стареење.
Плацентата од страната на бебето
Страната на плацентата во која се наоѓало бебето е многу помек и понежен од надворешниот дел. Она на кое докторите и акушерките за време на прегледот обрнуваат внимание е делот кадешто плацентата е споена со папочната врвца. Нормалната плацента со папочната врвца е споена на средина, а не од страна или во мембраната.
Исто така, добро се проверува и состојбата на папочната врвца и се бројат крвните садови во неа. Нормалната папочна врвца треба да имаат две артерии и вена, обично е долга околу 55-60 сантиметри.
Интересно е како природата се погрижила за должината на папочната врвца. Всушност таа е доволно долга што детето после породувањето може да се храни додека плацентата се`уште не е излезена надвор што е добро бидејќи со првото хранење се излачува хормонот окситоцин кој поттикнува контракции и со нив плацентата многу полесно и поприродно се исфрла надвор. Затоа е добро детето да се храни се` до сечењето на папочната врвца. И не само поради тоа, туку и поради фактот што бебето низ папочната врвца добива уште малку кислород.