Просечните резултати на коефициентот на интелигенција за секоја земја беа ажурирани на 1 јануари 2024 година, а ова истражување се заснова на тестирање на 1.691.740 луѓе низ светот кои го направиле истиот тест на
веб-страницата на Меѓународниот тест за интелигенција во 2023 година.
Се чини дека просечниот коефициент на интелигенција е генерално повисок во Источна Азија. Близу просекот е во Европа, Западна Азија, Океанија, Северна Америка и Северна Африка, а под просекот во Централна и Јужна Африка и Латинска Америка.
Веродостојност на резултатите: Сите учесници го завршија истиот тест за интелигенција на оваа веб-страница во 2023 година, а во 80 отсто од земјите резултатите за коефициентот на интелигенција се слични (разлика <2 поени) со оние од претходната година.
Прва на листата е Јужна Кореја, каде што просечниот коефициент на интелигенција е 107,54, потоа Кина со 106,99 и Иран со 106,84.
Еве како стојат земјите од нашиот регион:
Најдобро пласирана е Словенија, на 9. место, со просечен коефициент на интелигенција од 102,31. Србија е на 25. место, со просечен коефициент на интелигенција од 100,66. Хрватска е на 36. место со 99,73. Босна и Херцеговина е на 37. место со коефициент на интелигенција 99,57, Црна Гора се најде на 41. место со коефициент на интелигенција 99,34, а Македонија се најде на 49. место со коефициент на интелигенција 98,83 иако има подобрување за разлика од минатата година.
Извор:
6yka.com
Фото: International-iq-test.com