X
 12.04.2018 Живот

Каде би требало да се преселите во случај на трета светска војна

Голем број луѓе веруваат дека трета светска војна е на повидок. Иако природата на војната не е позната (нуклеарна, економска, сајбер-војна), очекувањата се дека би можела да биде прилично лоша.

Затоа, во продолжение се дадени десет земји каде што веројатно треба да се преселите во случај на избивање трета светска војна:

10. Ирска

Ирска практикува воена неутралност и е меѓународно неутрална уште од 30-тите години. Ако дојде до трета светска војна, веројатно ќе ја задржи неутралноста.

9. Швајцарија


Швајцарија има најстара историја на воена неутралност, формирана за време на Договорот од Париз во 1815 година. Оттогаш таа не учествувала во странска војна. Нејзините планини, исто така, се заштитени од странска инвазија, што го прави идеално место за заштита во случај на светска војна.

8. Словенија

Кога станува збор за самоодржливост, словенечките развојни термални, соларни и хидроелектрични извори гарантираат дека ако постои меѓународен конфликт, земјата нема потреба да се потпре на друга земја за енергија. Заедно со фактот дека Словенците во голема мера успеале да останат надвор од Првата и од Втората светска војна, можеме само да претпоставиме дека ќе продолжат со ова однесување и ќе се држат настрана од глобалните конфликти.

7. Фиџи


Островот во јужниот дел на пацифичкиот океан - Фиџи е географски изолиран и затоа е прилично безбедно место. Владата традиционално стои надвор од глобални конфликти.

6. Данска

Иако Данска може да биде вовлечена во војна преку нејзиниот статус во НАТО, има адут: Гренланд. Регионот е прилично далечен.

danska
Фото: Freepik

5. Австрија

Австрија е рангирана како 4. од 163 земји на Глобалниот индекс на мирот за 2017 година.

4. Португалија


Доаѓајќи на трето место на Глобалниот индекс на мирот, Португалија стана оаза на стабилноста. Десничарскиот популизам, кој се шири низ цела Европа, е отсутен во оваа земја. Португалија уште од Втората светска војна се држи настрана од конфликти, со што стана стабилна и внатрешно и надворешно.

3. Нов Зеланд


Една од најдобрите работи во врска со оваа земја е нејзината посветеност на самоодржување: повеќе од половина од нејзината електрична енергија се добива од хидроелектрани и има плодна почва, со што може да произведува култури во случај да биде отсечена од остатокот од светот.

2. Канада


Канада се најде на 8. место според Глобалниот индекс на мирот. Таа постигна 1,1 од вкупно 5 за домашен и меѓународен конфликт, што ја прави една од најмалку вклучените земји кога станува збор за војна.

1. Исланд

Исланд се најде на првото место според Глобалниот индекс на мирот, со што слободно може да се прогласи за најмирна земја во светот.

Покрај тоа, земјата географски е далеку од силите вклучени во глобалниот конфликт, со што е најдобро место за криење.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот