X
 10.08.2018 Живот

Работи што треба да ги направите за кариерата по дипломирањето

Без разлика на областа за која сте дипломирале, многу луѓе што аплицираат за работата што ја посакувате може да бидат поквалификувани од вас.

Затоа, пред да аплицирате за каква било работа, потребно е да направите низа активности, за подоцна да можете да ги ставите во вашето резиме и на тој начин да стекнете некакво искуство.

1. Стажирање

Стажирањето е многу важна работа, особено додека сте на факултет. Не само што ви дава директно и реално искуство во вашата област на студии, туку и им покажува на идните работодавци дека сте сериозни за вашата иднина. Стажирањето не мора да биде во добро позната компанија - искуството е она што го бараат работодавците.

2. Пронаоѓање ментор


Менторите можат да ви помогнат кога се борите со секојдневните обврски во текот на стажирањето, без разлика дали ви е потребен совет или генерална емоционална поддршка.

3. Одење на информативни интервјуа


Најдобриот начин да разберете за ново работно место е преку врските што ќе ги создадете за време на информативните интервјуа.

За да одите на вакви информативни интервјуа, добро би било да почнете да им испраќате е-пораки на директори или менаџери на компании уште додека сте студент или додека стажирате, со изговор дека сакате да дознаете нешто повеќе за компанијата и за кариерата што ја нудат.

4. Одржувајте контакти


Одржувајте ги врските кога ќе ги воспоставите. Професионалците со кои сте дошле во контакт се многу зафатени, така што треба да направите да ве запомнат. Еднаш месечно испратете им е-порака за нешто што ви е интересно, а е поврзано со компанијата. Повремено прашувајте ги дали случајно имаат слободно работно место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот