X
 17.03.2017 Здравје

Пет утрински навики за убав почеток на денот

За успешен ден од моментот на станување од кревет, треба да се усвојат неколку навики, кои гарантираат свежина и енергија за успешно справување со предизвиците што ги носи. Тоа паралелно значи дека треба да се ослободите од старите, лоши навики, за да оставите простор за создавање на нови и многу подобри. Еве како треба да се „влезе“ во секој нов ден!

Заборавете на snooze-от

Кога се зборува за утринските навики, најчесто се подразбира шолја кафе, појадок и туш – но пред сите тие моменти од почетокот на денот, постои нешто што многумина го прават. Snooze.

Тоа е една лоша навика што ја правиме секое утро. Го местиме алармот за будење половина час пред времето кога треба да станеме, за да имаме време да правиме snooze. И тоа е нешто што воопшто не помага туку напротив, заморува, и тоа секој пат повторно и повторно. Циклусот на сонот веќе е нарушен, што предизвикува чувство на зашеметеност.

Затоа, добро е да се намести алармот точно на време кога треба да се стане. И треба да се направи тоа веднаш. Ставете го алармот на другиот крај од просторијата и направете обид  да му одолеете на потребата да се вратите во креветот, откако ќе го исклучите.

Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа не го прескокнувајте, освен во случај кога сте на некој специјален режим на исхрана. За потсетување, осум часа спиење значат и осум часа пост, па телото наутро„бара“ гликоза. Затоа и треба да му се овозможи тоа, но наместо пецива и крофни, одберете храна со протеини и растителни влакна. Се разбира, треба да се испие и една чаша вода, затоа што после спиењето нормална е дехидрираноста.

Не останувајте во темница

Во темница, нашето тело смета дека сè уште е време за спиење. Ако околу вас нема надворешни извори на светлина, што е чест случај во урбаните средини,  најдобро е да се спие без спуштени завеси или ролетни. Природната утринска светлина на најприроден начин му праќа „сигнали“ на телото дека е време за будење и активност.

Подгответе се порано од најраното

Знаете ли зошто Стив Џобс и Марк Закерберг секогаш се одлучуваа за иста комбинација на облека?  Затоа што потребата да се донесуваат премногу одлуки на почетокот на денот можат да ве парализираат и барем да ве забават. Затоа, подгответе сè што ви треба ноќта претходно. Без оглед дали станува збор за облека за следниот ден, пакување на работите за на тренинг, или подготовка на ужина за на работа. Доколку сè е испланирано претходно, ќе можете многу повеќе да уживате во утрата.

Проверување нотификации

Проверувањето на нотификациите рано наутро може да ви го расипе денот. Или ќе потрошите премногу време сурфајќи низ социјалните мрежи или ќе влезете во „море“ од пораки и мејлови. Затоа е многу подобро да го оставите стресот за во канцеларија.

Една стара индијанска поговорка вели дека човекот не треба да зборува првиот час после будењето. На секого му е потребно време да остане сам со своите мисли. Дури и ако е неопходно да се зборува, не го трошете убавото утринско време на случувања околу вас, туку посветете се на себе си.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје