На австрискиот пазар на трудот недостигаат 220.000 квалификувани работници, но недостигот сè уште не се одразува врз висината на заработувачката, укажува интернет-страницата „СтепСтоун“.
Оваа страница ги анализирала огласите за работни места во 22 печатени медиуми и на 21 агенција за вработување.
Посебно побарување за стручна работна сила постои во техничкиот и ИТ-секторот.
Од јануари до јуни оваа година се барале 32.000 квалификувани работници, како и 30.000 ИТ-експерти.
Исто така, и експертите во финансискиот сектор се „ретки“ бидејќи недостигаат 23.000 работници.
И покрај недостигот на работна сила во техничкиот сектор, платата изнесува околу 45.000 евра годишно, што е под заработувачката во јавниот сектор и продажбата. Исто така, и на ИТ-експертите не им се нудат големи приходи, околу 55.000 евра годишно, што е за речиси 11.000 евра помалку од вработените во финансискиот сектор.
Извор: МИА