Некои спортисти добиваат многу повеќе од медал кога ќе победат на Олимписките игри.
Индонезија им дава парична награда и бесплатни ќофтиња за цел живот на спортистките кои освоиле медал во бадминтон оваа година. Една од играчите ќе добие и пет крави и куќа од нејзиниот град.
Освојувачи на медали од Хонгконг отсега ќе може бесплатно да се возат во јавниот превоз во градот-држава.
Во 2008 година, локален спонзор им доделил бесплатни колбаси на освојувачи на златен медал од Белорусија.
Во 2016, германски медалисти освоиле доживотна бесплатна достава на пиво од владата. Истата година, руската влада им доделила луксузни автомобили, станови, па дури и тркачки коњ на секој од освојувачите на медал на Олимпијадата.
Јужна Кореја, пак, ги ослободува освојувачите на олимписки медал од задолжителната воена служба.
Извор:
Insider
Фото: Pixabay