X
 14.09.2020 Образование

Неверојатен успех на македонскиот тим на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Во периодот од 9.9.2020 до 13.9.2020 година виртуелно беше одржана 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада ЈБМО 2020.

Тимот што ја претставуваше Македонија се состоеше од 8 члена, од кои 6 натпреварувачи, Делчо Лешковски - лидер и Борче Јошевски - заменик-лидер на тимот.

Тимот постигна неверојатни резултати и оствари еден од најголемите успеси на Македонија на ЈБМО. Освоени се еден златен, еден сребрен и два бронзени медали:

1. Никола Спировски-златен медал

2. Дамјан Давков-сребрен медал

3. Никола Цветаноски-бронзен медал

4. Марија Атанасова-бронзен медал

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование