X
 21.09.2021 Живот

М Кеш со нова кампања и многу подароци за клиентите под слоганот „Оваа есен животот е лесен“

Основоположник на финтек-индустријата во РС Македонија е компанијата М КЕШ Македонија, која е дел од Менаџмент фајненшл груп (МГФ), која обединува водечки даватели на небанкарски финансиски услуги во Централна и во Источна Европа. М Кеш Македонија со 6-годишното присуство на македонскиот пазар одбележа многу успешни проекти, постави висок професионален стандард и честопати беше пред трендовите и очекувањата на пазарот. Од самото лансирање на кредитните продукти, постојано обезбедување иновативни услуги во областа на потрошувачки заеми. До денес друштвото има одобрено над 90.000 кредити на близу 40.000 клиенти на кои им била потребна финансиска поддршка.

Во време на пандемија посветеноста и грижата на клиентите остана нивни врвен приоритет. Водејќи се од потребите на граѓаните и напредокот на технологијата, М Кеш летото го одбележа со „Летна кампања“ под слоган „Со тротинет твој е цел свет“ доделувајќи ги најадекватните подароци поради нивната едноставност и практичност – 25 електрични тротинети. Модерни и практични електрични возила за патување, шопинг или рекреативно возење. Сите клиенти со одобрен кредит од јуни до 31 август зедоа учество во промоцијата, а секоја недела по пат на случаен избор беа извлекувани среќните добитници.



- Сакаме да ја искористиме можноста да им се заблагодариме на сите наши клиенти за искажаниот интерес за промоцијата. Ние постојано ги наградуваме нашите лојални клиенти со привлечни и практични промоции и награди - вели Јована Јовановска, маркетинг-менаџер во М КЕШ Македонија.
Есента е на прагот, а М Кеш веќе изненади со актуелна нова кампања и многу подароци за клиентите под слоган „Оваа есен животот е лесен“. Секој апликант со одобрен кредит до 31 октомври е потенцијален добитник на вредни награди: 1.500 обетки со кристали од „Сваровски“ и главна награда паметен часовник „самсунг“. Малите неочекувани изненадувања го прават животот повозбудлив, затоа М Кеш секоја недела ќе радува по 160 среќни добитници на обетки, а главната награда ќе се додели на 3 ноември.
М КЕШ ќе продолжи да ги развива и усовршува своите продукти и услуги за да ги задоволи потребите на постојните и потенцијалните клиенти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот