За некои професионални спортисти победата е сè, но не и за Диего Ментрида. Шпанскиот триатлонец доби многу пофалби затоа што му овозможи на ривал да заврши на третото место на крајот од трката.
Ментрида се наоѓал зад Британецот Џејмс Тигл во завршната фаза на трка во Сантандер, но Тигл се збунил и ја погрешил патеката токму пред крајот. Ментрида го престигнал ривалот, но застанал пред целта и му овозможил на Британецот прв да ја помине.
Милиони луѓе го погледнаа видеото од моментот на социјалните мрежи и многумина, меѓу кои и познати спортисти, го пофалија 21-годишникот за неговото дело. Моментот им го привлече вниманието и на славни
личности надвор од спортскиот свет, како актерот Вил Смит.
- Никогаш не мислев дека нешто вакво ќе стане толку популарно и ќе има толкаво влијание во медиумите. Но се гордеам што добив толкава љубов - изјавил Ментрида.
Организаторите на трката одлучиле да го наградат Ментрида со почесен пласман за трето место. Тигл изјавил дека веќе прифатил дека ќе заврши на четвртото место кога го видел Ментрида дека застанал пред крајот.
- Претпоставувам дека тоа покажува огромен интегритет и одличен спортски дух и мислам дека луѓето навистина го сфатија емотивно - изјавил Тигл.
Автор: Џорџ Ремзи
Извор:
Си-ен-ен