X
 10.08.2022 Живот

Светска топ-листа: Најдобрите искуства што треба да ги доживеете

Многумина имаат листа на работи кои сакаат да ги направат до крајот на животот. „Трип адвајзор“ составиле ваква листа за целиот свет во која ги рангираат најдобрите искуства на планетата според рецензиите од патниците.

За најдобро искуство е прогласена авантура која може да се доживее во Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за прошетка низ црвени дини, сафари со камили и скара во кампот „Ал Кајма“. Во рамки на оваа тура, седум часа шетате низ пустината со џип, камила и даска за сурфање.


Фото: Pixabay

На второто место се наоѓа посетата на Мачу Пикчу во Перу, додека на третото е лет со балони над египетскиот град Луксор. На четвртото место се наоѓа летање со балони во турската Кападокија.


Фото: Pixabay

На листата се наоѓаат и посета на плажа во Аруба, „зиплајн“ во новозеландска шума, посета на пештерата Ареналес во Порторико, скок од авион над Саун Пауло, набљудување на поларната светлина во Германија и пливање со морски гриви, кои им се роднини на морските крави, на Флорида.

Извор: Pun kufer 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот