Звучат познато?
Ќе спијам во автобус.
Нема да бидам на „Фејсбук“/„Твитер“ додека сум на пат.
Никој нема да познае дека сум турист.
Секое утро ќе станувам рано за да го запознам местото.
Ќе научам барем дел од јазикот.
Ќе останам пријател со луѓето со кои се запознав на патувањето.
Ќе го научам најпопуларниот танц во земјата.
Мора да дојдам пак!
Па, не е толку скапо.
Ќе јадам локална храна.
Овие сувенири ќе бидат одлични подароци.
Секој детаљ од патувањето ќе го помнам до крајот на животот.
Нема да бидам тажен кога ќе си заминувам.