X
 10.10.2018 Живот

Модниот бренд ДИАС отвори луксузна продавница за чевли и чанти


Модниот бренд ДИАС (DIAS) отвори нова луксузна и уникатна продавница за чевли, чанти и други кожени додатоци. Концептот custum made ќе зазема главно место, но воедно клиентите ќе можат на еден релаксиран начин да купуваат од класичниот продажен салон.

ДИАС изработува чанти и чевли по нарачка.
Сопственикот Иван Станојевиќ вели дека прво нешто што сите ние го забележуваме кај некој човек се чевлите.



- Подоцна може да ве забележат и по чантата или облеката, но чевлите прво паѓаат в очи. Се издвојуваат од сè друго. Добра чанта и добри чевли нè отсликуваат нас, го доловуваат нашиот стил. Некој сака класика, некој посилни бои и слично, но битно е да се следи и сопствениот стил. Тоа им го овозможуваме на клиентите, да си нарачаат сè што ќе посакаат - вели тој.



Голем број клиенти и познати личности присуствуваа на забавата по повод почетокот на една нова, модерна и урбана приказна.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот