Дрвото наречено роузвуд, познато и како палисандер, е еден од најшверцуваните видови во светот. Кога се сече, од него тече црвена течност што личи на крв. Поради недостиг, кинеските трговци одат во Западна Африка во потрага по дрвото.
Од Би-би-си биле во
Сенегал, каде што не е легално да се извезува дрвото. Сепак, тие откриле дека дрвата се сечат и се изнесуваат нелегално во големи количини за да стигнат во Кина. Оваа азиска држава, според репортажата, е најголемиот купувач на дрвото.
Фото: Youtube screenshot
Сечењето на дрвото е опасно, но многу жители го преземаат ризикот поради високата цена на дрвото. Тоа е заштитено со меѓународен договор за зачувување, но ниту тоа не го намалува неговото истребување.
Откако ќе се исече во Сенегал, дрвото нелегално се пренесува во Гамбија. Оваа земја е во 5. најголеми извезувачи на ова дрво. Овој факт е необичен со оглед на тоа што Гамбија повеќе нема вакви дрва на својата територија.
Досега, Гамбија извезла 600.000 тони од
дрвото во последните 6 години, што е еднакво на 1 милион дрвја. Вредноста на извозот се проценува на 300 милиони долари.
Извор:
Би-би-си