X
 28.05.2024 Живот

Американски град со 396 жители за само две недели издал повеќе од 10.000 казни за брзо возење

Малиот град Морисон во Колорадо продолжува да ја исполнува својата репутација на „град на радарот“. Во период од само две недели двете нови камери забележале 10.287 прекршувања на дозволената брзина.

Новите радари биле поставени во март, но полицијата издала само предупредувања во периодот од 60 дена. Но, тој период истече во мај. Едната камера е фиксирана на раскрсницата, додека другата е на приколка за полицијата да може стратешки да ја смени локацијата по потреба.

За само две недели, од 8 до 22 мај, камерите забележале дури 10.287 прекршоци, а возачите возеле околу 16 километри на час повеќе од дозволената брзина од 40 километри на час.

Началникот на полицијата, Бил Винели, вели дека полицајците лично издале 135 казни во текот на април, што практично не е ништо во споредба со 1.421 прекршок снимени на камера за само еден ден во мај.

Благодарение на овие казни, речиси 400.000 долари ќе завршат во буџетот на градот. Сепак, Винели истакна дека камерите не се таму за да собираат пари, туку се стратешки поставени за да се зголеми безбедноста на патиштата.

Иако градот има само 396 жители, привлекува многу посетители и туристи.

Речиси половина од градскиот буџет на Морисон во 2021 година бил „обезбеден“ благодарение на казните за сообраќајни прекршоци.

Извор: Klix.ba
Фото: CBS
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот