X
 10.10.2023 Живот

Зголемување на платите за вработените во јавното здравство

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на Синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Како што е наведено во соопштението од МЗ, станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

- На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите - истакна на средбата Меџити.

Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот